Русија: Ја признаваме Македонија под уставно име и тој став не го менуваме

Од:

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува, вака гласи пораката која ја истрати руската амбасада во земјава еден ден откако во македонскиот Парламент пратениците со 80 гласа „за“ изгласаа започнување на процесот за уставни измени.

„Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, пишува на официјалниот „Твитер“ на руската амбасада во Скопје.

Неколку дена претходно руската амбасада во земјава преку својот профил на „Твитер“ исто така обвини и дека има грубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија и дека тоа ги надминува сите граници.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија ги пропушти сопствените рокови за заземање на Покровск и Купјанск

Словачка доби одобрение да увезува руска нафта

Фидан: Војната меѓу Украина и Русија на крајот ќе заврши со преговори, тие мора да се одржат во Турција

Русија објави можност за нормализирање на односите со САД

„Киев пост“: Дали на САД им снема опции за нови санкции против Русија?

Трамп објави колку Украинци и Руси загинаа минатиот месец