„Рум дум дум“ на „Владо Тасевски“ победник на хористите во Карпош

Од:

Хористите од ООУ „Владо Тасевски“, се победници на годинешниот хорски музички натпревар меѓу училиштата, кој се одржа во холот на ОУ „Димо Хаџи Димов“.

Под менсторство на Елизабета Станоевска, со изведба на композицијата „Рум дум дум“, во обработка на Драган Шуплевски, овие музички таленти од училиштето „Владо Тасевски“ заслужено ги освоија симпатиите на жирито.

Второто место го делат училиштата „Петар Поп Арсов“ под менсторство на Дејан Миленковски и „Димо Хаџи Димов“ под менторство на Невена Марковска.

Третото место го поделија хористите на три училишта и тоа: „Јан Амос Коменски“ менторирани од Марија Златановска, „Вера Циривири Трена“, менторирани од Александар Панајотовски , како и „Лазо Трповски“ менторирани од Мира Костовска.

На музичката манифестација во организација на Општина Карпош, присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, советници од Советот на Општина Карпош, родетели, и други присутни гости. Жирито кое го оценуваше настапот на хористите од десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош, се состоеше од м-р Злата Тошевска, од Македонска опера и балет, м-р Дејан Стоев, исто така од Македонска опера и балет, како и професорот Ле Фи Фи, од средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј“.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски