Руиз Калавера: Во демократијата мора да се почитува парламентарното мнозинство иако некому не му се допаѓаат резултатите

Од:

Демократскиот процес во Македонија мора да продолжи по својот пат, а сите учесници мора да се воздржуваат од поттикнување меѓуетнички тензии, негативна реторика или насилство, порачува Џеновева Руиз Калавера, генерален директор за Западен Балкан при Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија.

– Многу сум загрижена заради последните случувања во Поранешната југословенска Република Македонија. Комесарот Хан и високата претставничка, потпретседателката Могерини, како и пратениците во Европскиот парламент Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, беа многу јасни – сите лидери на земјата вклучувајќи го и претседателот мораат да ги почитуваат резултатите од последните избори.

– Во демократијата мора да се почитува парламентарното мнозинство иако некому не му се допаѓаат резултатите. Демократскиот процес мора да продолжи по својот пат. Дополнително сите учесници мора да се воздржуваат од потпалување каков било облик на меѓуетнички тензии, негативна реторика или поттикнување на насилство. Очекувам политичките лидери, вклучувајќи ја и новата влада да ги применат сите делови од Договорот од Пржино и итните реформски приоритети како би ја вратиле земјата назад на нејзиниот пат кон ЕУ. Тоа е она што граѓаните го посакуваат и го заслужуваат. Се радуваме на заедничката работа со новата влада, вели Руиз Калавера во интревју за „European Western Balkans“ запрашана за ситуацијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати