Руфи Османи поднесе тужба за клевета против градоначалникот Бејта

Од:

Поранешниот градоначланик на општина Гостивар Руфи Османи до Основниот суд поднел тужба за клевета на актуелниот градоначланик Невзат Бејта.

На прес-конференција во партиското седиште во Гостивар, Руфи Османи, лидер на НДП, најави дека по судски пат ќе се брани од обвинувањата на Бејта изречени во Советот на општина Гостивар за направени финанскиски злопотреби.

– Обвинет сум дека сум злопотребил 200 илјади евра, што не е точно. Стојам на располагање и тоа да го докажеме на суд. Тврдам дека јас сум бил најчесниот функционер за време на својот мандат како градоначланик, изјави Османи.

За нарушениот углед, тој ќе бара отштета од десет илјади евра. Покрај ова, Османи покажа и неколку извештаи, според кои, како што рече, се спроведуваат активности за кои немало или не е завршена тендерската постапка.

Според Османи, актуелнато општинско раководство, од изборите наваму спроведува мобинг и реваншизам кон членови и симпатизери на НДП.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар