РТВ Словенија: 100 000 граѓани на протестот пред Влада

Од:

Државната телевизија на Словенија, попладнeво извести дека во Скопје на антивладиниот протест се собрале околу 100 000 граѓани кои во Скопје дошле од сите краеви на земјата.

„Нивната порака е јасна – оставка на премиерот Груевски и формирање на техничка влада“, јавува РТВ Словенија.

На интернет страницата на државната словенечка телевизија се известува за политичката криза во Македонија кој кулминирала со денешниот протест пред Влада, организиран од платформата „Граѓани за Македонија“.

Влијателниот британски “Гардијан“, пренесува видео снимка од денешните антвладини протести и пушува: „Десетици илјадници антивладини демонстранти дојдоа на протестот во главниот град на Македонија.“

gardijan

И Би-би-си јавува дека десетици илјадници демонстранти дојдоа на протест во главниот град на Македонија и бараат оставка од долгодишниот премиер Никола Груевски“.

bbc

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите