РСЕ: Македонија должи над еден милион долари во Обединетите нации

Од:

Не се само 24.606 долари долг, туку над 1 милион долари. Радио Слободна Европа информира дека Обединетите нации примиле 24.606 долари од Македонија кои земјава ги должеше како минимум за да и се деблокира правото на глас на Генералното собрание, а тоа го потврди и Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на светскатата организација Бан Ки-мун, но останува долг од над 1 милион долари.

– На прашањето колку е вкупниот долг за сите придонеси на Република Македонија во Обединетите нации во моментов бидејќи сумата од 24.606 е минимумот, Дујариќ испрати табела. Во неа во графата вкупни придонеси што треба да се платат се наведува сумата 1.007.672 американски долари.

Во делот именуван како регуларен буџет пишува дека Македонија треба да плати 601.998 американски долари, за мировните операции на организацијата 344.448 американски долари и за меѓународните трибунали 61.186 американски долари, збир кој ја дава вкупната сума од над милион долари. Упатени во дипломатските односи коментираат дека оваа сума е превисока за земја како Македонија и оти најверојатно се работи за долг неподмирен со години.

Од македонското министерство за надворешни работи не коментираат за вкупниот долг на земјава кон Обединитети нации, пишува РСЕ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он

Гутереш: Туризмот во светот со загуба од 320 милијарди долари, под ризик 120 милиони работни места

Ана Ололовска

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти

Ана Ололовска

Дваесет и седум години од приемот на земјава во ОН

Ана Ололовска