А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Рот: Западен Балкан ќе остане многу важно прашање за време на германското претседателство

by А1он23/06/2020 - 18:5623/06/2020 - 18:59275
Share0

Германија ќе остане силен поддржувач на проширувањето на ЕУ. Иако нашето претседавање ќе биде под големо влијание на КОВИД-19, Западен Балкан ќе остане многу важно прашање за време на германското претседателство, рече германскиот државен министер за Европа Михаел Рот за време на денешната онлајн панел дискусија со министерот за надворешни работи Никола Димитров и албанскиот министер Гент Цакај.

Следете a1on на Instagram Instagram

Рот порача дека Република Северна Македонија и Албанија мора да продолжат со реформите и да ги забрзаат.

Интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ, според него, е вин-вин ситуација, од која бенефит ќе имаат двете страни.

– Сите треба да работиме заедно. Членките на ЕУ треба да дадат согласност за преговарачката рамка базирана на новата методологија, а Северна Македонија и Албанија да продолжат со реформите и да ги забрзаат. Тоа е важно за двете земји. Некои членки на ЕУ ја потценуваат круцијалната улога на Западен Балкан за мир, стабилност и просперитет за сите. Тоа е вин – вин ситуација, не само за Западен Балкан, туку и за ЕУ, потенцира Рот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според државниот министер, покрај демократијата и мигрантите, Германија за време на претседателството во однос на Западен Балкан фокусот ќе го стави и на младите. Мора, како што објасни Рот, да се обезбеди квалитетно школство, зашто само со добро образовани млади луѓе земјите може да имаат квалитетна иднина.

Во овој контекст најави конференција за октомври или ноември со земјите од Западен Балкан која, напомена, во центарот на дијалогот ќе ги стави младите и нивните перспективи.

Панелот насловен „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанија и Северна Македонија?“ почна во 17 часот попладнево, а го организира Фондацијата Фридрих Еберт.

mihael rot

Би можело да ве интересира

Рот: Не е време за меѓусебни уцени, ЕУ има јасни очекувања

Катерина Ѓуровски12/09/2023 - 11:1812/09/2023 - 15:54

Рот изрази поддршка за Македонија, повика ЕУ „да ги исполни обврските“ кон Скопје и Тирана

Жарко Настоски22/06/2021 - 15:5422/06/2021 - 18:42

Рот од Тирана: Албанија и Северна Македонија постигнаа многу, очекуваме ЕК да донесе позитивна одлука

Жарко Настоски27/05/2021 - 21:2127/05/2021 - 21:24

Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ

Катерина Ѓуровски14/12/2020 - 10:04

Рот: Бугарската блокада е „сериозна политичка грешка“

Катерина Ѓуровски08/12/2020 - 11:4508/12/2020 - 11:47

Заев по средбата со Рот: Продолжува одличната соработка со Германија и недвосмислената поддршката за нашите интеграциски процеси

Катерина Ѓуровски16/11/2020 - 16:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео