Рот: Потребна е солидарноста на ЕУ да ви помогнеме да се справите со последиците од пандемијата

Од:

Потребна е солидарноста на ЕУ. Се надевам дека нам во ЕУ ќе ни успее на вашата земја да и помогнеме последиците по економијата од пандемијата колку што може полесно да ги пребродите, рече германскиот државен министер за Европа Михаел Рот од Берлин на денешната виртуелна прес-конференција со неговиот колега во Скопје, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

-Тоа е обврска од страна на ЕУ, за стабилност и подобрување на Западен Балкан, ИПА е еден од инструментите за тоа. Во моментов преговараме во ЕУ за идната финансиската рамка на ЕУ. Многу е значајно ЕУ да даде соодветни средства на располагање за економската и социјална сотојба во Северна Македонија колку што е можно повеќе, пред се преку Берлинскиот процес. Сега во фокус е грижата и последиците од короната. Таа не го става само регионот на тест, туку целиот свет. Тоа што се случува во Европа ќе има влијание на економскиот развој. Затоа се надевам дека нам во ЕУ ќе ни успее, а притоа на вашата земја да и помогнеме последиците по економијата од пандемијата колку што може полесно да ги преброди. Се разбира дека солидарноста е потребна, рече Рот на новинарско прашање дали Германија предвидува помош за Северена Македонија преку ЕУ и дали постои таков механизам.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски