Рот: Кај двете страни постои волја прашањето за името да се реши сега

Од:

Прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години. Има волја на двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Медијаторот Матју Нимиц има клучна улога, но владите на двете земји се тие кои го водат процесот. Потребни се конструктивност, креативност и флексибилност. Македонската Влада е позитивна и креативна, а таква е и Владата во Атина, и затоа гледам светлина на крајот на еден долг тунел.

Ова го истакна државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

– Ја поздравуваме позитивната клима во односите меѓу двете земји. Сметам дека двете страни имаат волја и можат да се договорат за одржлив и заеднички прифатлив компромис. Последните јавни изјави ја потврдуваат волјата прашањето сега да се реши, и двете страни се подготвени за тешки компромиси. Германија дава целосна поддршка за изнаоѓање решение во блиска иднина, рече Рот.

Порача дека не треба да се поставуваат црвени линии, а неопходно е да има и дијалог меѓу власта и опозицијата.

Рот го поздрави напредокот што го постигна Македонија во реформите и приближувањето кон ЕУ.

– Климата во земјата е значително променета, но неопходно е да продолжат реформите потребни за евроатлантското приближување и Македонија да остане на вистинскиот пат. Препораката од ЕК е резултат на заложбите на Владата. Германија ја поддржува европската перспектива на земјата и одблиску ќе ги следи извештаите за напредокот, изјави Рот.

Истакна дека владеење на правото е суштинско, тоа е задача на Владата, но и на сите во земјата, вклучително и опозицијата.

-Независно судство е клучно во борбата со корупцијата. Граѓаните мора да видат резултати, кажа Рот.

Тој ја поздрави работата и резултатите на СЈО и укажа дека е неопходно да се воспостави доверба во правните институции и да се расчисти случајот со прислушувањата. Рот го поздрави договорот со Бугарија и подобрувањето на односи со Грција.

Премиерот Заев изрази благодарност за германската поддршка. Нагласи дека Македонија во изминатата година направи квантен скок од заробена држава во функционална демократија во која се гради концептот „едно општество за сите“.

– За сработеното дојде чистата и безусловна препорака од ЕК. Остануваме максимално посветени на реформита, добрососедските односи и регионалната соработка. Целта ни е почеток на преговрите со ЕУ и покана за НАТО во 2018 година. Особено ни е значајно сознанието до кое стигнаа највисоките лидери на ЕУ дека доколку биде доведена во прашање иднината на членството во ЕУ тоа ќе ја доведе во прашање и безбедноста на регионот и на Унијата. Сепак, ние остануваме убедени дека лидерите на ЕУ го препознаваат моментумот дека времето на РМ да и биде дадена европската перспектива е сега, оваа година. Сакаме да ја оствариме нашата просперитетна иднина со наш придонес секако и за посилна ЕУ, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада