Ромите бараат соодветна здравствена заштита

Од:

Невладината организација РОМ СОС со седиште во Прилеп само изминативе пет години има евидентирано четири случаи на несоодветна здравствена заштита на граѓаните од ромска националност.

Оваа невладина организација ги застапува оштетените граѓани пред органите на правдата.

Истакнуваат дека сите случаи најчесто се последица на несоодветен лекарски третман кон Ромите како пациенти.

Несиме Алиоска од невладината РОМ СОС вели дека за одредени случаи се водат судски спорови и по пет години, поради што оштетените не можат да добијат соодветна отштета. Според Алиоска, ваквите постапки на надлежните институции ја потврдуваат маргинализацијата на граѓаните од ромска националност како граѓани од втор ред.

Од невладината истакнуваат дека сè уште се актуелни стереотипите за ромската популација и апелираат државата да се заложи за подобрување на социјалниот статус на овие граѓани, нивна подобра здравствена заштита, можност за остварување на нивните човекови и законски права.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена