А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Романо Авази“: Јанкулоска јавно да им се извини на Ромите

by А1он07/03/2015 - 16:54624
Share0

„Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ е згрозено по објавувањето на последната „бомба“ од страна на лидерот на опозицијата во Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Бараме од Владата на Република Македонија јавно да се извини на Ромите за она што цела јавност го слушна вчера.

Во објавените снимки од телефонските разговори, во јавноста се обелодени дека на власта секогаш и е најлесно да ги добива гласовите на Ромите со брашно, социјална помош, одземање на лична документација, закани и слични методи кои претставуваат директно газење на човечкото достоинство. Се користат лошата социо-економска ситуација и мирољубивоста на ромскиот народ за политички да се манипулира со него“, се вели во реакцијата на здружението „Романо Авази“.

„Нарекувањето на припадниците на ромскиот народ со навредувачкиот збор „циган“ е доказ за расизмот кој владее, се надеваме меѓу поединци во Владата. Прекршена е меѓу другото меѓународната декларација за човекови права иако Македонија е една од земјите потписнички на истата. Почитувани претставници на Владата, извинете се и преземете мерки ова да не се повтори.

Следете a1on на Youtube YouTube

Почитувани, ние не сакаме да бидеме „шампиони“ само на политички митинзи, всушност воопшто не сакаме да сме тоа. Сакаме да бидеме перцепирани и прифатени како луѓе, државјани на Република Македонија и да ги уживаме правата кои ни се гарантирани во Уставот. Сакаме да напредуваме како и сите други, не трудете се да не „уназадите“. Гневот кој го чувствува ромскиот народ поради сите проблеми со кои се соочува само повеќе не мотивира да се организираме и да делуваме против неправдите.

Затоа, за да не излеземе на улица и да се „влечеме за уши“ , бараме од Владата на Република Македонија, пред се од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доколку навистина негува и делува со морални вредности ЈАВНО ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА РОМИТЕ за она што цела Македонија го слушна вчера“, реагираат од Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ (Гласот на Ромите).

mvrromi

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он07/09/2026 - 10:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео