Романија го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО

Од:

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На ратификацијата во Букурешт присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој имаше обраќање пред романските пратеници.

– Романија денеска уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност, пријателство и поддршка кон Република Северна Македонија за остварување на нејзината евроатланска определба, овозможувајќи една кохерентност и заедничка иднина. Дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на нашите граѓани, чест ни е што сте наши вистински пријатели и партнери, рече Џафери.

Романија е седма земја членка на НАТО што го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

Утре Протоколот треба да биде ратификуван и во Сејмот на Литванија. Како што е најавено, Џафери од Букурешт заминува за Вилнус каде што ќе има обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

Земјите-членки на НАТО на 6 – ти февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Би можело да ве интересира

Москва ги негира обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор

Естонија го активираше Член 4 од НАТО

Итна реакција на НАТО по влезот на руските воени авиони во Естонија

Ритер: Поразот во Украина ќе биде последниот клинец во ковчегот на НАТО

Руски генерал: Ако Западот воведе забранета зона за летови над Украина, ќе ги нападнеме земјите од НАТО

А1он

Има ли Европа одговор на ултиматумот на Трамп