Рокот заврши, „виси“ одржувањето на локалните избори

Од:

Политичката состојба го искомплицира и одржувањето на локалните избори. Вчера беше последниот законски рок за да се распишат изборите.

За да може да се одржат изборите во првата половина на мај, како што стои во Изборниот законик, тие требаше да бидат распишани на 06.03.2017.

Изборниот законик овој пат прецизира дека и локалните избори може да ги распише само претседателот на Собранието, што дополнително ја усложнува работата. Собранието е конституирано, но немаше согласност за избор на претседател на Законодавниот дом.

Изборниот законик повторно мора да претрпи измени, со кои или рокот од распишување до одржување на изборите ќе биде скратен, или ќе им се продолжи мандатот на избраните градоначалници и советници, но за ова ќе требаат 80 пратенички гласови..

Како ќе функционираат општините доколку не се направи еден од овие чекори. Градоначалниците, избрани во првиот изборен круг од 22 март, немаат право на потпис.

Градоначалниците ќе треба да делегираат лице во општината, државен службеник на раководна позиција, на кое ќе му пренесат дел од своите надлжености.

Во општините ќе може да се одвиваат само тековни активности, како што е плата за општинарите, нема да има нови вработувања, носења на ДУП-ви.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат нови брзи предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со локалните.

СДСМ бара Иванов да им го додели мандатот за да може да се нормализира работата на институциите вклучително и на Собранието. Од ДУИ инсистираат локалните избори да се одржат во предвидениот рок.

Она што е сигурно, е дека Изборниот законик мора да претрпи измени.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ