Рокот за поднесување кандидатски листи истекува утревечер, можно е пролонгирање

Од:

Утревечер на полноќ завршува рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори.

Постои можност овој рок да се пролонгира доколку владејачките партии и опозицијата постигнат договор за одложување за неколку дена на доставувањето на кандидатските листи. Врз основа на член 15 став 3 од Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) со роковниот ги утврдува Државната изборна комисија.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до Општинските изборни комисии, додека листите за кандидатите за советници и за градоначалник на Скопје се доставуваат до Изборната комисија на Градот Скопје.

На изборите ќе учествуваат 29 независни кандидати, а потписи беа собрани за 95 независни советнички листи.

Локалните избори во Македонија се закажани за 24 март. Опозицијата бара нивно одложување за еден месец, додека владејачката партија прифаќа пролонгирање на рокот за доставување на кандидатските листи, но не и на изборите.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?