Родителите од охридското село Коњско бараат решение за проблемот со наставата

Од:

Почетокот на учебната година Основното училиште „Св. Наум Охридски“ во охридското село Коњско во Охридне започна како и во сите други училишта.

Наместо учениците, вчера во училишните клупи седнаа родителите кои револтирано протестираат за несоодветните услови при наставата на нивните деца. Учениците наставата треба да ја следат во комбинирани паралелки односно од прво до трето одделение заедно. Денеска, учениците се појавиле во на наставата, но родителите дале ултиматум до петок да се реши проблемот.

За проблемот известени се и градоначалникот на Охрид и Министерството за образование со допис и петиција. Се уште немаме повратен одговор за решавање на проблемот. Моето дете кое е прво одделение кога ќе се врати дома кажува за тоа што учеле децата од трето одделение – вели еден од револтираните родители.

На ваквата состојба со условите во основното училиште во селото Коњско денеска реагираше и општинската организација на најголемата опозициона партија, Социјалдемократскиот сојуз. Оттаму велат дека родителите со право просестираат откако 1-ви септември им донесе непријатно изненадување и потенцираат дека власта на ВМРО – ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието.

И ова се случува во 21-от век. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во  образованието.Тоа што од буџетските средства на општина Охрид најмала реализација има токму во образованието, укажува колку власта на ВМРО-ДПМНЕ има слух за потребите на учениците и воопшто во оваа област.Секторот за образование во Охрид Охрид веќе 2 години нема именувано раководител кој треба да се грижи за проблеми што се поврзани со образованието во општината – велат од Центарот за комуникации на СДСМ.

Тие укажуваат и дека Охрид се соочува со најмал пораст на новородени деца. За тоа говори се помалиот број запишани првачиња и драстично намалениот број на ученици.

Од Општина Охрид велат дека имале поднесено барање до Министерството за образование за ново финансирање односно вработување на нов наставен кадар со цел да се формираат две чисти паралелки.

Општина Охрид до Министерството за образование веќе  има поднесено барање за ново финансирање односно вработување на нов наставен кадар со цел  да се формираат две чисти паралелки во подрачното училиште во  село  Коњско . Но, поради малиот број на ученици многу е  мала веројатноста   од  ресорното министерство позитивно  да  одговорат  на ова  барање  затоа што во училиштето нема законски минимален број на ученици  за  формирање на чиста паралелка.  Ако законот налага формирање на чиста паралелка со минимум 24 односно максимум 35 деца, во ова училиште вкупниот број ученици од прво до петто одделение е 35 ученика – велат од Општината.

Оттаму додаваат дека доколку ваквите услови не се прифатливи за родителите, едно од оптималните решенија е да се затвори ова подрачно училиште и учениците да патуваат во селото Пештани каде би следеле настава во чисти паралелки во Основното училиште „СВ. Наум Охридски“ во Пештани.

 

Ф.Ј.

 

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година