Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Од:

Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16.март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани, од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен притвор, како и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.

– Дали Вие и сите други носители на највисоки функции досега не се запрашавте дека од 16.03.2025 година повеќе немате функција? Вие имате мисија! Мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема, рече Мита Тасева, мајка на починатиот диџеј Стефан Цеце Тасев.

Таа и другите родители сметаат дека наместо вистина и целосна одговорност се сведоци на пропусти и прикривања, при што биле принудени сами да го анализираат обвинителниот акт за да укажат на грешките. За нив, поразително е тоа што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Според нив, имало лица кои си ја купиле својата слобода со пари.

-Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени, порача родителите на починатите, обраќајќи му се диретно на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

Протестниот марш, дваесет и петти по ред, започна од „Паркот на Револуцијата“, од каде поворката се упати кон Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица. Родителите петнаесетина минути стоеја на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани и го блокираа сообраќајот. Оттаму се упатија пред зградата на Основниот суд и Обвинителство.

Маршот заврши каде што и почна, во „Паркот на Револуцијата“.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол