Родителите на децата кои се лекуваат во Клиниката Козле се жалат на мувла во просториите на болницата

Од:

Родителите на децата од Клиниката за детски болести – Козле се жалат на условите каде се лекуваат нивните деца. Околу болницата се појавила неподнослива миризба од канализациониот систем на самата установа. Според нив, ова претставува показател колку „плански“ и „квалитетно“ била изведена самата болница.

Тие упатуваат молба до надлежните органи, под итно да се спроведе инспекција и увид во овој, како што велат, огромен проблем кој го загрозува здравјето на децата и околните жители во населбата.

-Застрашувачки е фактот дека болницата веќе има два затворени оддели поради појава на мувла и народски речено веќе почнаа и печурки да растат по просториите, велат родителите чии деца се лекуваат во оваа установа.

Како што се вели во писмото кое загрижените родители го доставија до А1он, долго време не е превземено апсолутно ништо во врска со самата болница освен техничкиот дел на изведбата кој, како што тврдат, ќе биде предмет на истражување на квалитетот на градбата и вградените материјали во самата болница.

Жалби има и поради недостаток на персонал и некапацитативно искористување на постоечките капацитети на оваа установа од здравствен карактер.

Родителите апелираат навремено да се делува во оваа установа која треба да претставува детска болница од висок ранг и профил, установа која треба да е пандан на детската државна клиника, да не се дозволи нејзино деградирање и до уништување.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски