Родителите и „Рома С.О.С“ бараат да и се помогне на едногодишната Медина

Од:

Во просториите на невладината организација „Рома С.О.С“ во Прилеп денеска се одржа прес-конференција  на која,  како што беше речено, сакаат да ја запознаат јавноста со случајот на едногодишното девојче Медина Синаноска која го губи видот, а со месеци не и е поставена сигурна дијагноза за да се лекува.

Според Несиме Салиоска извршен директор на невладината организација, Медина прв пат е хоспитализирана во октомври 2014 година на Клиниката за Детски болести во Скопје откако и е констатиран проблем со видот.

– Во октомври е хоспитализирана на Клиниката за Детски болести во Скопје и веднаш почнале лабораториските испитувања. Испитувањата укажале на тумор ( ретинобластом) кој води до слепило и може да го оштети мозокот. Но, за да се знае со која терапија ќе се лекува девојчето требало да се консултираат со Конзилиумот од Клиниката за очни болести од Скопје. Оттаму стигнало известувањето дека симптомите клинички, навидум, укажуваат на ретинобластом и може да се започне со терапија. Но, од одделот за хемотерапија при Детската клиника сметаат дека терапијата не може да почне  без утврдена сигурна дијагноза која треба да ја даде Клиниката за очни болести. Досега не е поставена сигурна дијагноза и девојчето воопшто нема примено терапија и не се лекува, објаснува Салиоска.

Како што беше укажано на прес конференцијата, Медина била 35 дена на Детската клиника каде се вршеле испитувања, но не е поставена сигурна дијагноза, ниту прима терапија, по што мајката на Медина, Филизана Алиоска си заминала дома со болното девојче.

– Мајката од никого не доби конкретни информации за начинот на кој ќе се лекува малата Медина и побара помош од нашето здружение, вели Салиоска.

Невладината организација „Рома С.О.С“ испратила пријави до Министерството за здравство, до Санитарниот здравствен инспекторат, до Народниот правобранител и до директорот на Клиниката за детски болести за случајот со едногодишното девојче.

– Добивме одговори од Народниот правобранител и од Државниот санитарен здравствен инспекторат. Тие укажуваат на фактот дека станува збор на неусогласеност на ставовите на двете клиники, но не утврдуваат повреда на постапката и укажуваат на преземање дополнителни процедури, рече Салиоска.

Мајката на едногодишната Медина Синаноска, Филизана Алиоска вели дека бара нејзината ќерка да се излекува и да прогледа, а од невладината организација „Рома С. О.С“  бараат Министерството за здравство да помогне да се реши случајот. 

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска