Родители од гостиварско Долна Бањица пријавени за запуштење на четири деца

Од:

Педесет и пет годишна жителка на гостиварското село Долна Бањица ги пријавила во полиција синот и снаата за запуштање на четирите деца.
Според СВР Тетово, во полициската станица Гостивар, утрово С.Ш. (55) пријавила дека нејзиниот син и снаата целосно ги запуштиле четирите малолетни деца и не се интересирале за нив. Жената,  изминатите шест месеци сама за грижела за внуците.
– Синот и снаата не живееле заедно, но не биле судски разведени, така што секојдневната грижа за децата била исклучиво на бабата. По пријавата, се превземаат мерки и активности за расчистување на пријавеното, а против родителите на малолетните деца ќе следува законски предвидениот поднесок, изјави Марјан Јосифоски портпарол ан СВР Тетово. 
Годинава, посочи тој, на гостиварските и тетовските простори ова е прв случај кој пријавен во СВР Тетово. 
Запуштање и малтретирање на малолетни лица претставува кривично дело, за кое во членот 201 од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е затворска казна од најмалку пет години. Зависно од крајните последици на запуштањето, затворската казна може да биде уште поголема и да достигне до 10 години.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он