Робертсон со писмо за поддршка по повод полноправното членство на Северна Македонија во НАТО

Од:

Поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон во име на Охридската група, испрати писмо со поддршка по повод ратификацијата на Протоколот за пристаување на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Шпанскиот сенат.

– Кралството на Шпанија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија, со што завршија парламентарните процедури во сите 29 земји-членки, и овозможувајќи полноправно членство на вашата земја во неделите што доаѓаат, наведува Робертсон во писмото.

Посочува дека членството на земјата во НАТО значи и споделување на вредностите на западното семејство на нации и вредности и важен камен темелник за регионалната стабилност и безбедност во рамки на Западен Балкан.

– Одлуката на шпанскиот Сенат беше донесена во екстремно тешки околности поради коронавирусот. Ова само ја потврдува пораката за нашата заедничка визија за иднината, а тоа е дека: заедно сме посилни, пишува Робертсон во име на Охрдиската група во писмото за поддршка на земјава.

Тој честиташе на сите чинители во државава што придонесоа во напорите за да се постигне овој долго посакуван резултат.

– Охридската група останува комлетно посветена да ја продолжи својата голема поддршка за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Западот и со нетрпение очекува набрзо отворање на претпристапни преговори со Европската Унија, заклучува поранешниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон во писмото за поддршка на Северна Македонија во име на Охридската група.

Охридската група е неформална формирана пред две години и има за цел да ја поддржи земјата кон членство во НАТО и Европската Унија. Во неа членуваат поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев, како и Хавиер Солана, Карлд Билд, Роберт Гелбарт, Ален Лероа, Волфганг Исингер…

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД