Робертсон: Се надевам дека Македонија ќе добие членство во НАТО на самитот во Лондон

Од:

Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атланскиот совет на САД, вчера на трибина во Вашингтон изразија поддршка за приемот на Македонија во НАТО на следниот самит на организацијата планиран за 2014 година во Лондон.

– Се надевам дека Македонија ќе добие членство во НАТО. Таа исполни се што е потребно за да стане членка и треба да биде дел од НАТО семејството. Македонија мина низ турбулентни времиња и успеа да се справи речиси со граѓанска војна, и да донесе мир во тој дел од светот. Јас отсекогаш сум бил силен поддржувач на македонското членство во НАТО и се надевам дека ќе може да се надмине последната пречка, за што ќе биде потребна флексибилност од двете страни, изјави Робертсон, во разговор со Македонската радио-телевизија.

Поранешниот генерален секретар на НАТО додал дека очекува проширувањето да биде една од темите на самитот во Лондон. Грција спречи оваа тема воопшто да биде поставена на минатогодишниот самит во Чикаго. Вилсон, кој наскоро ќе ја посети Македонија, за МРТВ изјави дека во овој момент најважно е влијателните држави во НАТО, како САД, Германија, Франција и Британија, да се ангажираат за решавање на спорот за името.

– Советот веќе е закажан и со ова е создадена дипломатска можност САД, Германија, Британија, Франција, Италија и други земји да се вклучат и да работат со Грците и со Македонците, за конечно да се најде решение на спорот. Не е сигурно дали ќе дојде до решение, но се надевам дека самитот на НАТО ќе создаде можност за тоа, изјави Вилсон.

Би можело да ве интересира

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста