РКЕ ја утврди тарифата за водни услугите од 2018 до 2020 година

Од:

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави решенијата за утврдување на тарифи за водни услуги за регулираниот период 2018-2020 година на територија на Република Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика за утре има најавено прес-конференција на која ќе бидат презентирани детали во врска со решенијата.

Од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ за МИА потврдија дека денеска го добиле решението за утврдување на тарифата на територија на град Скопје и појаснуваат дека ова со ова почнува постапката за утврдување на цената на водата што граѓаните ќе ја плаќаат од почетокот на годината.

Посочуваат дека понатаму се формира комисија која доставува предлог до Советот на Град Скопје кој ќе ја донесе одлуката за цената на водата на територија на град Скопје.

Би можело да ве интересира

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он