Ристовски: Новото раководство ќе мора да војува на повеќе фронтови

Од:

„Во следните два дена се бележат значајни би рекол и историски моменти за нашата партија, највисокиот партиски орган – Конгресот одбира ново раководство и претседател, кој како и сите претходни ќе има многу одговорна работа, што во денешно време е многу по отежната од политичките закани и прогони кои по речиси 20-тина години повторно станаа пракса на некои политички опоненти во нашата земја. Целта е јасна слабеење на единствениот наш наследник на историското ВМРО и најголем заштитник на македонскиот народ и држава“, изјави на вечерашниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Спиро Ристовски.

Тој додаде дека делегатите ќе избираат ново раководство кое ќе мора да дејствува, да војува на повеќе фронтови, но основни ќе бидат два – да ја зачува, но и да ја засили сплотеноста и единството меѓу членовите. „Одлика по која секогаш сме биле пример, препознатливи и која што секогаш била сила и наша најголема енергија, истрајност и борбеност за ефикасно и ефективно делување“, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он