Ристовски: Јанева и Фетаи продолжуваат да прават циркуз од себе

Од:

„Катица Јанева и Фатиме Фетаи со своето непознавање на правото и недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Република Македонија.

Правната инфериорност и немањето докази доведоа до нова хистерична епизода на Јанева и Фетаи во која специјалните обвинителки наместо да го водат случајот решија да го блокираат.

Ваквото недолично однесување и непочит на Јанева и Фетаи и конечно СЈО кон Судот во Република Македонија е уште едно парче во мозаикот во кој се добива целата слика на Специјалното јавно обвинителство.

Заканите преку лични навреди до судијата на Јанева, Фетаи и СЈО се идентични како и заканите на Зоран Заев кој на сите судии кои не судат по негова волја им вети дека ќе бидат сменети ако тој дојде на власт.

Уште еднаш целата правна фела беше засрамена од непознавањето на законите и процедурите од страна на Јанева и Фетаи. Ова не е ништо ново имајќи предвид дека истите луѓе покажувајќи нула правна логика, етика, морал и интегритет го ослободија Зоран Верушевски и по вторпат го аболицираа Зоран Заев.

Истото СЈО не процесуира ниту еден случај против член на СДСМ и служи за заплашување на сите кои му стојат на патот на Заев или се двоумат во извршувањето на неговите антидржавни и криминални наредби. СЈО не се бори против криминалот, туку се бори исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ рамо до рамо со аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Јанева и Фетаи со ароганцијата и хистеријата не можат да ја покријат ниту сопствената нестручност, ниту работењето од директни инструкции на СДСМ“ изјави Спиро Ристовски на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито