Ристова: Опозицијата блокира закон со кој на 4700 наставници треба да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време

Од:

Пратеничката на СДСМ Лолита Ристова во собраниската комисија за образование и наука истакна дека околу 4700 наставници во државата го очекуваат донесувањето на законот за наставници и стручни соработници, со кој очекуваат да им се реши статусот, да добијат правна и економска сигурност во државата.

– Не можеме да дозволиме да ги одолговлекуваме процесите, коишто ќе овозможат решавање на статусот на наставниците и на стручните соработници, им порача Ристова на пратениците од опозицијата кои го блокираат донесувањето на законот. Испитувањата кои МОН покажуваат дека има 1464 наставници од средно и основно образование, на кои што 2 години не им е трансформиран работниот однос од неопределено на определено време, како и 2592 наставници во основно и 734 наставници во средно образование на кои над 2 години не им е трансформиран работниот однос, односно 4700 наставници го очекуваат да им се реши статусот, да добијат правна и економска сигурност во државата, нагласи Ристова.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски