Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Од:

Претседател на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Ангел Ристов на денешната прес-конференција обвини дека државата не обезбедила средства во буџетот за примена на обврските од колективниот договор склучен меѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието, иако истиот е полноважен и стапил на сила на 1 јануари оваа година. Тој упати апел за средба со премиерот во рок од три дена, а доколку средбата не се реализира, ќе следува протест.

-Доколку во рок од три дена не добиеме средба со премиерот, согласно соопштението испратено од ректорската управа потпишано од сите декани, ректорката, проректорите, ќе се радикализираме. Ќе следува протест, па доколку тој предупредувачки протест не вроди со плод, следува штрајк, порача Ристов.

Според Ристов, непочитување на колективниот договор е упад на автономијата на Универзитетот.

-Претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Синдикатот на Сојузот на синдикати на вработените во УКИМ, Ангел Ристов на 29 декември 2022 година склучија колективен договор на Универзитетот. Овој колективен договор влезе на сила со денот на објавувањето во службен весник, а почна да се применува од 1 јануари оваа година. Имајќи ја во предвид општата состојба во државата, Синдикатот се согласи колективниот договор да има одложно дејство и да се применува една година по неговото потпишување, појасни Ристов.

Како што посочи, во колективните преговори беа вклучени и претставници на министерствата за финансии, образование и наука и труд и социјална политика.

Но и покрај тоа, потенцираше, надлежните министерства не предвидоа средства во буџетот за 2024 година за остварување на обврските предвидени во колективниот договор, со изговор дека истиот не бил регистриран во Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

-Ваквите наводи се незаконски и неосновани од причина што поединечните колективни договори каков што е нашиот, согласно Законот за работни односи не подлежат на регистрација. За поединечните колективни договори само се известува МТСП. На регистрација подлежат општите и гранските колективни договори, додаде Ристов на прес-конференцијата.

Тој појасни дека колективниот договор на УКИМ е полноважен и ја обврзува државата да го почитува, од причина што истиот ниту е откажан од договорните страни, ниту пак е укинат или поништен од Уставниот суд.

-Непочитувањето на полноважниот колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото за кое што Владата декларативно се залага. Имаме парадоксална ситуација. Господинот Талат да биде против Џафери, односно дали потписот на ставениот колективен договор од страна на поранешниот претседател Џафери, ќе биде испочитуван и спроведен од сегашниот претседател на Владата, Џафери, рече Ристов.

Ректорката на Универзитот Биљана Ангелова на денешната прес-конференција обвини за игнорантскиот однос на институциите кон УКИМ.

-Игнорантски однос на институциите трае долго, можеби повеќе од 15 години. Поводот е колективниот договор но причини има многу – нарушената финансиска автономија, нарушена кадровска автономија и нарушена функционална автономија, што ни создава секојдневни проблеми во функционирањето, рече Ангелова.

Таа потенцираше дека колективниот договор кој што беше склучен во текот на 2022 година од страна на Синдикатот и Собранието е полноважен и објавен во Службен весник. Тој, како што рече, произведува правно дејство и за Универзитетот и за надлежните институции

-Јас како ректор и ректорската управа која ја сочинуваат деканите и директорите на факултетите и понатаму ќе се залагаме да одржиме што подостоинствен стандард на сите наши вработени. Ќе настојуваме да се спроведува колективниот договор, а тоа значи правниот систем во оваа држава и спроведување на правото, додаде Ангелова.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова

Уписи на УКИМ – слободни 10 473 места за бруцоши на 23-те факултети