Ристески во посета на изборниот штаб на Чадиев

Од:

Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески денеска го посети Изборниот штаб на Славчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Според Ристески, кој ја даде поддршката за Чадиев, многу слични гладови се Прилеп и Велес и во тој поглед има за што да се дискутира.

Се надевам дека со идниот градоначалник Чадиев, ќе имаме одлична соработка околу проектирање и реализацијата на генералните и деталните урбанистички планови со цел што поголемо предвидување на индустриски зони, предвидување на локации за изградба на индивидуални куќи, колективен станбен простор и слично, изјави Ристески.

Тој истакна дека своето искуство од изминатите осум години како градоначалник ќе го пренесе на општина Велес. Ристески најави формирање заеднички тимови од двете општини за конструирање на проекти и аплицирање за ИПАРД фондовите и средства од ЕУ, се со цел подобар развој на двете општини.

Славчо Чадиев го искажа своето задоволство од посетата на Марјан Ристовски и потенцираше дека соработката помеѓу Велес и Прилеп е неопходна.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?