„Денеска се наоѓаме повторно пред проектот „Училиште во Капиштец“ на Андреј Жерновски.
Дали гледате некаде училиште? Не, нормално не гледате. Не го гледате училиштето кое требаше да го направи мрзливиот Андреј Жерновски бидејќи не го изгради веќе 4 години.
Тој вети дека ќе го направи училиштето уште во 1-вата година од својот мандат, а денес после 3 ипол години еве што има од училиштето. Само камен темелник, слики од мрзливиот Жерновски со лопати и гола пропаганда.
Да потсетиме дека целата документација и буџет и ДУП беа подготвени од претходниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Но нема, училиште сеуште.
На Андреј Жерновски поважни му се боемските улици од 1.2 милиони евра, тамбурашите и диџеите како Стив Аоки од стотици илјади евра.
Андреј Жерновски е пример за „дрво” од градоначалник.
Кога граѓаните на Центар во 2013-та не го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ сигурно имаа причина. Но, центарци не беа свесни какво „дрво” од градоначалник поддржале.
Граѓаните на Центар исто така не беа свесни дека ги поддржаа лошите навики на мрзливиот Жерновски.
Дали Жерновски е свесен дека граѓаните знаат за неговите тарифи за давање градежни дозволи за поголеми објекти? Дали Жерновски мисли дека граѓаните не знаат за тарифите на неговите хаус мајстори и возачи?
Ако на почетокот на мандатор можеше да купи време и симпатии со политички говори и фејсбук статуси како да е пратеник или портпарол на партија, денес веќе центарци бараат многу повеќе.
Центарци бараат асфалтирани улици, училишта, исчистени улици од снег. Центарци ги бараат проектите што им ги вети Жерновски.
Срамота е што целиот народ гледа како „дрвото” од градоначалник Жерновски се скијаше во Боровец, а центарци се скијаа и санкаа по улиците на Центар. Некои накај работа, а некои за жал накај болница со скршеници.
Центарци не го заслужуваат ова. Центарци не заслужуваат тарифи на хаус мајстори и возачи за градежни дозволи, не заслужуваат лаги и гола политика, не заслужуваат неисчистени и неасфалтирани улици. Центарци не заслужуваат „дрво” од градоначалник како Жерновски. Затоа, на пролет, граѓаните ќе гласаат против Жерновски“, изјави Јордан Ристески, советник во Општина Центар.