Рикер: Сите во САД го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Министерот Димитров упати честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

„Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот, Европа и за трансатлантската заедница“, рече Димитров.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија и во Регионот.

Амбасадорот Рикер упати честитки за постигнатиот договор со Грција со кој се стави крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО.

„Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа“, порача Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ