Рикер пристигна во Охрид, приоритет ЕУ и НАТО

Од:

Екс американскиот амбасасор во Македонија, а сега заменик помошник државен секретар на САД, Филил Рикер посетата на Македонија ја започна од Охрид, исто како и Генералниот секретар на ОН,Бан Ки Мун. Тој во вилата „Биљана“ во Охрид имаше средба со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот централни теми на средбата биле стратешките цели на Република Македонија, членството во НАТО и Европската Унија како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси.

„Заменикот помошник државен секретар на САД се заблагодари за можноста да се разменат мислења и информации во однос на стратешките цели на Република Македонија, актуелните реформски процеси и особено за состојбите во регионот на југоисточна Европа.Централни теми на средбата беа стратешките цели на Република Македонија, членството во НАТО и Европската Унија како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси“ се вели во соопштението од кабинетот на престедателот Иванов

Во соопштението од кабинетот не соопштуваат дали на средбата се разговарало и за спорот за името со Грција, и дали Рикер понудил конкретна помош од САД во надминување на дводеценискиот спор.

Претседателот Иванов го запозна заменикот помошник државен секретар на САД и со улогата на Република Македонија во регионалната соработка и регионалните иницијативи. Двајцата соговорници се согласија дека не постои одржлива алтернатива ниту за регионот, ниту за Република Македонија, освен целосна интеграција во Европската Унија и НАТО.

Рикер имаше обраќање пред учесниците на школата за млади лидери во Охрид, но обраќањето на високиот гостин од Америка не беше отворено за медиумите, за разлика од обраќањето на Бан Ки Мун.Рикер во меѓу време даде кратка изјава за медиумите во која ја изрази својата благодарност за организрањето на школата за млади лидери од страна на претседателот Иванов, но не кажа ништо во врска со спорот за името.

Посетата на Рикер е втора годинава на Македонија.При последната негова посета во март рече дека САД го има во предвид овој проблем

„Сериозно ќе го земеме предвид и нема едноставно да гледаме други да наметнуваат решенија, бидејќи тоа нема да функционира“, истакна тогаш Рикер.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Европските лидери пристигнуваат во Белата куќа

Предраг Петровиќ

Белата куќа ја праша Украина дали Зеленски ќе дојде кај Трамп во костум

Вашингтон очекува да добие јасна согласност од Киев за иден мировен договор

Горан Наумовски

Кремљ објави: Трамп лично ќе го пречека Путин

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Десетици уапсени по одлуката на Трамп за распоредување на Националната гарда

Макрон: Трамп вели дека САД и сојузниците се подготвени да обезбедат безбедносни гаранции за Украина