Рикер: Да се искористи моментумот и да се дојде до решение за името

Од:

Македонија и Грција да го искористат моментумот и да најдат заедничко решение за спорот со името. За последниот предлог на посредникот во преговорите Метју Нимиц да се отвори поширока дебата и меѓу партиите и во јавноста.

Ова го порача заменик-помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер во изјавата за медиумите по средбата во Владата со премиерот Никола Груевски.

Според него, САД ги охрабрува и двете земји да го искористат моментумот и да продолжат со работа и се надева дека последниот предлог на Нимиц може да ги приближи двете страни.

– Задоволни сме што медијаторот Нимиц даде нов предлог и се надеваме дека ќе се искористи моментумот да се работи на него. Очигледно, процесот кој ние го поддржуваме, продолжува. Потребна е волја и желба за напредок и да се има дијалог, не само меѓу лидерите туку и во јавноста, рече Рикер.

Рикер денеска се сретна и со претседателот на држвата Ѓорге Иванов и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он