Риболовците го поздравија потегот на Иванов со кој охридската пастрмка не беше на менито на Бан Ки-мун

Од:

Рекреативните риболовци од Охрид го поздравуваат потегот на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, со кој охридската пастрмка и белвица не дозволи да се стават на менито за вечера на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун и седумчлената делегација.

Гостите ја вкусија прекрасната мавровска пастрмка која за сега не е загрозена од исчезнување. Голема благодарност и до високата Делегација на обединетите нации кои беа запознаени со состојбата на рибниот фонд на Охридското Езеро, и не побараа вкусната и ендемична охридската пастрмка и белвица да се најдат на свеченото мени за време на нивниот престој во Охрид вели Радован Димитриевски од Спортско риболовниот клуб во Охрид.

Охридската пастрмка која е ендемски вид риба е пред целосно исчезнување иако се последните неколку години се прават напори за нејзино враќање во нормална состојба.

Иако ловот на Охридка пастрмка изминативе речиси десет години беше целосно забранет поради масовната пoјава на рибокрадство таа можеше да се најде на менијата по дел од охридските ресторани.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум