Државниот испитен центар информира дека денеска ќе бидат објавени резултатите од јунската сесија на екстерното проверување на постигањата на учениците од деветто одделение.
Право на приговор на резултатите учениците имаат во наредните три дена и тој треба да се достави до училиштата каде ќе им биде овозможен и увид во тестот.
Деветоодделенците први ги добиваат резултатите од екстерното затоа што им претстои запишување во прва година средно образование. Резултатите за останатите ученици ќе бидат објавени кон крајот на месецов.