Револтирани граѓани: Урбаната мафија ја сардиса улица Македонија

Од:

Ова е сликата од улицата Македонија, или дел од улицата. Граѓаните изненадени и револтирани гледаа како половина од улицата се затвора со огради за изградба на две десетокатници и мегаломанска катна гаража од 21 метар.

За А1  велат, дека урбаната мафија ја сардисала улицата која постои 100 години

Минатата недела, во знак на револт кандидатите за градоначалници на Скопје и Центар, Јани Макрадули и Андреј Жерновски се обидоа , но не им беше дозволено да засадат дрвца. За нив,  власта го уништува зеленилото за сметка на бизнис интересите на одредена група луѓе.

Овде, изјави Макрадули, и покрај противењето на жителите на урбаната заедница “Роберт Гајдиќ“, власта по секоја цена сака да изгради две десетокатници и мегаломанска катна гаража од 21 метар. Тоа се прави надвор од законската процедура.

Жерновски беше дециден дека по март месец урбаната мафија ќе се збогува со општина Центар.

 

 

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски