Револтирани граѓани од улицата „Даме Груев“: Самоволието на Град Скопје не може да не исели од домовите

Од:

Жителите на дел од улицата „Даме Груев“ бр. 5 се револтирани од намерата на град Скопје да изгради булевар пред самиот влез на нивната зграда.

Денеска на отворениот ден со граѓаните побараа помош и спас, како што самите рекоа, за овој сериозен проблем од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

„Ако се направи оваа улица двонасочна нема да може да живееме тука веќе. Зошто да бегаме? Доколку град Скопје истрае во оваа намера, тогаш тие ќе ги исечат и липите кај слаткарницата Малага“, велат граѓаните.

Жерновски им објасни дека улицата е под надлежност на град Скопје и дека општината нема никакви ингеренции.

„Како граѓани, меѓу кои сум и јас бидејќи живеам во непосредна близина на споменатото место, мора да пратиме апел до надлежните дека ова не смее да се дозволи. За се’, па и за ова треба да се прашаат граѓаните“, им рече Жерновски.

Junska sredba so gragjani (2)

За ова треба заедничка борба за да сфатат институциите дека не смее да се оди против интересите на граѓаните.

На денешната средба со граѓани, граѓаните побараа решение за секојдневните проблеми кои ги мачат со години.

Во врска со оштетените од последните поплави, општина Центар до понеделник ќе чека Владата на РМ да помогне во финансирањето за санирање на настанатите штети.

Општина Центар направи увид и доколку Владата нема слух за ова, општината сама ќе им помогне на овие граѓани.

Внимателно се следат и проблемите и веднаш ќе се интервенира за бучавата од околните кафулиња и кафеани.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните