Откако пратеничката Љубица Буралиева и’ се обрати на јавноста преку Фејсбук пишувајќи дека отстапува од одлуката на СДСМ за бојкот на Собранието и дека ставовите на опозицијата не се бранат вонинституционално, нејзиниот профил е преплавен со критики и негативни коментари.
Според одредени медиуми, Буралиева во друштво на Роза Топузова – Каревска од ЛДП и Солза Грчева од СДСМ поднеле барање за повлекување на оставките.
Дел од пријателите на Буралиева коментираат дека се чувствуваат изневерено од ваквиот чекор да не ја почитува одлуката на матичната партија и бараат да не ја прифаќа пратеничката плата. Други, пак, бараат доколку не се водела од личниот интерес, платата која ќе ја добива – да ја донира во партијата за да се покријат тужбите од власта.
– Од мене ја доби довербата да го почитуваш генералниот став на партијата и членството, а не личниот став. Зошто ако бевте толку јаки не излеговте самостојно на избори, туку влечевте од зграда до зграда, од куќа до куќа членови на опозицијата. Од вас тоа претставува двојно понижување и удирање шамар на членството. Зошто застанавте зад одлуката на партијата и се сликавте како опозиционер кој никогаш нема да и даде легалитет и легалност на оваа ненародна власт. Вие не можете да бидете глас на опозицијата, ние сме тристотини и педесет илјади гласови.
– Ни се лоши од вашиот неморал. Неморално е да се седи во партија и да се глуми единство и согласност со партиските ставови се додека не седнете во собраниската фотелја.
– Ако бевте на листата самостојно, во систем кога еден кандидат пратеник собира брј на гласачи сам за себе, дали тогаш ќе стигневте до позицијата пратеник?
– Без СДСМ зад тебе 100 гласа немаше да освоиш. Срамна и бедна одлука – се само дел од коментарите.
Петар Клинчарски