Револт кај судската администрација: На списоците за вакцинација се само претседатели на судови и судии

Од:

Здружението на судска администрација реагира на листата за вакцинирање и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ја изработил листата за вакцинирање на вработени во судовите.

Ако според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19, при Министерството за здрвство, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, нејасно е како тоа на листата за вакцинирање постои само една категорија на вработени во судовите се вели во отвореното писмо од судската администрација до Судскиот совет.

„Зошто Судскиот совет не побара информација за бројот на заболени судски службеници од covid-19 во изминатите месеци кои ги карактеризираат непочитување на мерките и препораките на Влада на РСМ и Комисија за заразни болести во најголем број од судовите. Можеше ли тие бројки да бидат помали доколку посериозно се менаџираше работењето во вакви пандемиски услови“ – се вели во писмото.

Од Здружението на судската администрација прашуваат дали во судството некој чувствува одговорност што за разлика од органите на државната управа и единиците на локална самоуправа, во судовите и понатаму судските службеници работат во писарниците и канцеларии со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат и своето и здравјето на своите семејства..

„Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од „сопствениот двор“? И не само граѓаните, со вакви поделби дури и кога е во прашање јавното здравје, довербата во судството одамна ја губат и вработените во судската служба„ – велат од Здржението на судската администрација во писмото.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски