Ревизорите нашле низа неправилности и неусогласености во Министерството за животна средина

Од:

Низа неправилности и неусогласености во повеќе полиња кои влијаеле Државниот завод за ревизија да даде неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива, по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерство за животна средина и просторно планирање за 2022 година.

ДЗР констатирало дека не е воспоставен објективен и реален систем на избор на проекти, како и ризик за несоодветно користење на средства поради непостоење на јасни критериуми и правила специфични за реализација на овие проекти. Со увидот и анализата на документацијата поврзана со начинот на реализација на годишната Програма за управување со води за 2022 година, на ревизијата не и била доставена комплетна документација за сите доставени барања и доказ за нивна евалуација.

„Со увид во извршената евалуација и предлог листите на општините кои ги исполнуваат условите од програмата и одлуката за избор, утврдено е селективен и не образложен начин на избраните проекти во распределбата на средства за финансирање и реализирање на проектите, а и процентот на одобрените средства од побараните е различен и се движи од 30% до 100%“, велат од ДЗР.

Од таму посочуваат дека поради недоставување поединечни извештаи за реализација на средствата од страна на органите на управата, до Владата не е доставен Извештај за реализација на средствата, состојба која според нив може да има влијание на утврдувањето на реалните потреби за идни програмски и инвестициони активности при носење на Програмата за води од страна на Владата во идниот период.

„Со ревизијата се утврдени неправилности и во однос на утврдување на динамиката на наплата на надоместокот за користење на водното право кој е приход на Буџетот на РСМ“, соопштува ДЗР.

Оттаму појаснуваат дека врз основа на Уредбата за Методологија за распределба на средства како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива, а на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата секоја година носи Одлука за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините.

„Констатирано е дека од определените девет општини, четири општини не доставиле програма поради тоа што средства кои им се доделени не се доволни за целосна реализација на проектите, додека пак за неискористените средства не постои законски основ истите да бидат префрлени во наредната година“, наведуваат од ДЗР во соопштението.

Според Државниот завод за ревизија, средства кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија, како и донаторски средства од тековни повеќегодишни проекти на Министерството, се обезбедуваат за реализација на целите определени во Националната стратегија за заштита на природата (2017-2027), а од извршениот увид, за периодот од 2020 до 2022 година ревизорите утврдиле дека преовладува нискиот процент на буџетски средства кои се издвојуваат во секторот природа.

Одредени неправилности ревизорите утврдиле и при уплата на надоместокот од регистрација на моторни возила и пловни објекти кој претставува еколошки надоместок кој се наплатува при регистрација на моторни возила и пловни објекти од страна на станиците за технички преглед и регистрација на возилата.

Со извршениот увид во начинот на водење на евиденцијата и наплатата на надоместокот по овие основи утврдено е отсуство на уплата на надоместокот при регистрација на пловните објекти, потреба од воспоставување единствен систем за следење на овој приход кој ќе овозможи одговорните лица во Министерството да имаат увид во наплатените средства од страна на Министерството за внатрешни работи и правните лица кои вршат технички преглед.

Исто така, потребно е и зајакнување на контролата на документацијата кај правните лица кои вршат технички преглед на наплатата и пресметката на надоместокот, како и потреба од ажурирање на одредбите од договорите со правните лица – технички станици согласно последните измени на законската регулатива, појаснуваат од ДЗР.

Од вкупно регистрирани 111 активни корисници на А и Б интегрирана дозвола за 2021 година (98 корисници на А интегрирани инсталации и 13 корисници на Б интегрирани инсталации) од страна на 18 корисници не е доставен годишен извештај за поседување на интегрираната дозвола, додека пак за 17 субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи и се евидентирани во Регистарот, од 2018 година не се издадени решенија за годишен надоместок за поседување на А – интегрирана еколошка дозвола,-Исто така, евидентирани се ненаплатени побарувања од минати години во висина од 9.

Неправилности со извршената ревизија се констатирани и во евиденцијата и наплатата на надоместокот за биоразградливи кеси, не целосен извршен попис на средствата, побарувањата и обврските, не се евидентирани дел од деловните објекти кои ги користи Министерството, како и неправилности во дел од јавните набавки, за кои се дадени препораки во насока на преземање на мерки и активности за нивно надминување.

Би можело да ве интересира

ДЗР објави извештаи од ревизија на сметките на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива за 2021 година

ДЗР: Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми

Горан Наумовски

ДЗР: Од почетокот на пандемијата 17.000 луѓе останале без работа

Горан Наумовски

Државата потрошила 38,6 милиони долари само за провизии за автопатот Кичево-Охрид кој досега чини 684,7 милиони долари

Горан Наумовски

ДЗР: Сите медиуми кои учествувале во покривање на изборниот процес да поднесат Извештај за рекламниот простор до 13 ноември

Ана Ололовска

Николовски и Ацевски: Соработката со ДЗР е значајна во борбата против корупцијата и криминалот

А1он