Рестриктивните мерки зависат најмногу од граѓаните, смета Спасовски

Од:

Рестриктивните мерки за одредени подрачја ќе зависат најмногу од граѓаните, од почитувањето на мерките, рече премиерот Оливер Спасовски по денешната координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ во Куманово. Тој ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат мерките.

-Ние најавивме пред неколку дена дека ригорозни мерки или рестриктивни се можни за одредени подрачја каде што има зголемен број на инфицирани граѓани. Тоа ќе зависи најмногу од граѓаните од почитувањето на мерките, оние кои што се во изолација заради тоа што се директни контакти од некој којшто е позитивен на Ковид-19, треба да останат таму и да ги почитуваат сите тие мерки. Колку повеќе ќе ги почитуваме мерките толку ќе имаме намалување на рестрикциите, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата размислува за воведување ригорозни емрки за некои подрачја каде има поголем број заболени лица.

Спасовски рече дека државата, институциите, здравствениот систем, Комисијата за заразни болести направиле се во изминатиот период, донесени се одлуки, направени се протоколи како треба да се однесуваат граѓаните.

– Секој ден говориме што значи одговорност за сопственото здравје, што значи одговорност за околината во која живеееме. Најмалку што можат да направат граѓаните е да ги почитуваат тие мерки, вели Спасовкси.

Доколку граѓаните ги почитуваат мерките, како држење социјална дистанца, носење заштитина опрема, нагласува Спасовски, нема опасност од пренос на инфекцијата и загрозувањето на здравјето и животот.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска