Решен проблемот со водоснабдувањето на Куманово

Од:

Се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на општина Куманово откако денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) директорите на ЈП Водовод Куманово и на водостопанство Кумановско-липковско поле, Горан Стојковски и Филип Филиповски, договорија цената на метар кубен вода со вклучен ДДВ да биде 4,8 денари.

Како што соопшти МЗШВ, цената е прифатлива за двете страни, а се постигна со посредство на ресорниот министер Михаил Цветков.

– Водостопанство Кумановско-липковско поле презема обврска за непречена дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово за редовно плаќање на фактурите согласно договорената цена и сервисирање на старите долгови кон водостопанството Кумановско-липковско поле, информира Министерството за земјоделство.

Договорено е и, со помош на програмите на МЗШВ, да се извршат зафати на хидросистемот Кумановско-липковско поле за санација и ревитализација.

На средбата присуствуваа и државниот секретар Бесир Јашари, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како и пратениците во Собранието на Република Македонија од Куманово Зоран Ѓорѓиевски и Реџаил Исмаили.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ