Јелена Брсиќ од Хрватска, по неодамнешната посета на Скопје, до А1 он испрати текст со свои впечатоци за градот. Ова е нејзината приказна за Скопје.
Прекрасно е…Боже, прекрасно е…Сурово и припросто, сосема доволно за да знаеш дека си на Балкан од една страна, а на другата страна на реката, која е очигледна линија помеѓу два света кои овде очигледно се судираат, ги гледаш сиот кич и парада на староримска архитектура! Светските архитекти би можеле ова да го наречат самрак на архитектурата и добриот вкус, но тоа е претставата на она што е современиот Балкан. А реката…ех тоа е нишката меѓу Балкан и Европа и тоа е единствената нишка што ги спојува и раздвојува! Силната река на Балканот …таа носи историја а донесува иднина, таа единствениот вистински и жив историчар, археолог, мудрец и владетел на овој град…и добро е што толку силна и моќна…таа ја носи пораката: ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!
Луѓето со прекрасни доблести, тие ја носат душата на градот…не кај нив не е како кај нас Хрватите…ним куќата секогаш им е отворена, кафето понудено, а бога ми, на масата не недостасува ни солено, ни благо…нив им е поважно одењето на госит дома, отколку службениот состанок на некој бесен ручек! Можеби е тоа заради страво посеан во нив…наместо да ја послушаат реката која тече со столетија и ништо не ја запира и јасно да му кажат на оној, некој чие име тешко го изговораат: МОЖЕТЕ ДА ГИ ИМАТЕ НАШИТЕ ТЕЛА, НО ДУШАТА НЕ, тие се уште како во времето на крстоносните војни, ги наведнуваат главите и во своите четири ѕида ја коментираат политиката која никому таму не му одговара!
Цело време имав чувство дека од стравопочит кон мини диктатурата, градот ја изгубил и својата бучава…брдото што над градот е тивко… ја нема градската бучава…само реката…таа е гласна!
Луѓето што живеат овде, а не сфатиле дека нивната историја е она што ги прави луѓе, денешницата е она што мора да го преживеат, а иднината е она што ќе го научат низ историјата и ќе го применат во подоброто утре! Тоа подобро утре им е онаа силна река, а додека ја замолчуваат со римски градби, со светла и лошо стопанство, таа и натаму тече…тој тек еден ден ќе здиве и ќе ги однесе сите оние градби од картон…ќе останат луѓето и тврдината, како секогаш што било!
Стравот отсекогаш бил најлош непријател! Кога стравот ќе завладее и мозокот прима само информации кои се неточни! Младите се изманипулирани со медиумски страв! Крст на брдото…не знам дали служи како свастика или како потсетник…или пак е само патоказ за реката…тој е gsp на градот! Зошто еден толку значаен град, историски град ја изгубил својата историја? Бисти, статуи, споменици…се’ во такви џамбо формати за да предизвика стравопочит кон секој од тие борци…сите ја претставуваат силата која овде владеела со векови! Ова место е се уште скриено од светот, на обичните луѓе им преостанува да ја покренат лавината на промени што ќе се случи! Притисокот што го создава планината околу овој град, е одличен зашто е прашање на време кога реката ќе го разе…е! Тоа е нешто како да чекаш вулкан, а нема геолог во близина да ти каже кога ќе се случи…овде нема да избие лава, овде ќе избие гордоста, културата, историјата и сите емоции кои со години се потиснати и се кријат зад светлата!