Реновиран одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања во Заводот за слух, говор и глас

Од:

Одделот за интензивен рехабилитациски третман каде што се третираат деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања е комплетно реновиран. Во овој оддел на околу 250м2 е обновен подот и сите кабинети се опремени со комплетно нов мебел. Воедно, опремен е и кабинетот за рана развојна интервенција каде што за првпат се опфаќаат деца од 0-3 години.

За работа на овој кабинет набавени се стандардизирани тестови за рана развојна проценка. Логопедот кој работи во овој кабинет посетуваше обука за работа со родители во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог.

Пуштен е во употреба и кабинетот за ВАТ терапија (виброакустичка терапија), каде се користат ниските фрекфенции на изговорените гласови до 140 херци и се користи за третман на сензорни дисфункции. За спроведувањето на оваа терапија набавена е целокупната потребна опрема и спроведена е едукација за примена на оваа метода.

„Навистина посебно ми е драго што се дава акцент на ваквите центри и се подобруваат условите за третирање и пристап кон децата со нарушувања од аутистичниот спектар како и со комбинирани развојни нарушувања. Оваа ситуација не само што ги подобрува условите за пристап према овие пациенти, туку и влијае на подобрување на целокупниот здравствен систем, како една од важните гранки во здравствениот систем“, рече министерот Филипче.

„Покрај реновирањето на одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања во Заводот за слух, говор и глас, се пушта во употреба комплетно опремениот и кабинет за рана развојна интервенција кадешто за првпат се опфаќаат деца од 0-3 години. Воедно, логопедот кој работи во овој кабинет е посебно обучен за работа со родители и сето ова е во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог. Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет работи на изнаоѓање решенија за одржливост на овие услуги и очекуваме дека ваквите центри ќе бидат пример и ќе отворат можности за отворање слични центри за лицата со попреченост, за полесен пристап до услугите кои им се потребни”, посочи министерот Филипче.

Во Декември 2019 година се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Општата болница во Охрид со поддршка од бугарската амбасада и Здружението „Во мојот свет“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска