„Рено” удри единаесетгодишно момче

Од:

Патнички автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки попладнево во Кавадарци удри во дете – пешак на возраст од 11 години, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Пионерска” во близина на основното уќилиште „Тоде Хаџи Тефов”.

– Денес околу 14:30 часот на улицата „Пионерска” во непосредна близина на ООУ „Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која патнички автомобил „рено“ удри во дете-пешак на возраст од 11 години, информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена