Рената Тренеска Дескоска, нов потпретседател на Собранието

Од:

Рената Тренеска Дескоска денеска со 86 „за“ и еден „против“ е избрана за потпретседател на Собранието на предлог на пратеничката група предводена од СДСМ. По гласањето Тренеска Дескоска даде свечена изјава дека совесно, одговорно и согласно законите и Уставот ќе ја извршува оваа функција.

Пратеникот Горан Мисовски кусо образложи дека Тренеска Дескоска е позната во општествениот и политичкиот живот, професор е на Правниот факултет, доктор на науки, автор и коавтор на преку 30 книги и сто трудови. Изрази надеж дека таа ќе води некои од седниците на Парламентот.

Повтори дека враќањето на опозицијата во Собранието е само поради постигнатиот договор во Пржино и се наврати на причините поради кои опозицијата дури на 1 септември се приклучи во работата на Собранието.

– Овој парламентарен состав ќе мора да донесе нов изборен закон, законско решение за специјален обвинител и да изгласа специјален обвинител и да изгласа оставка на Никола Груевски, рече Мисовски.

Собранието односно владејачкото мнозинство, според пратеникот на НСДП, не ја научила лекцијата од 24 декември и оти во последните неколку месеци по скратена постапка се донесени 289 закони.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски посочи какви закони се донесени во периодот додека опозицијата отсуствуваше од Парламентот а кои се однесуваат за подобрување на животот на граѓаните.

– Она што од вас го видовме е како мирно стоевте на прес-конференциите на лидерот на опозицијата Зоран Заев, а патем земавте плата од Собранието, реплицираше Димовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски