Рената Тренеска-Дескоска – министер за образование и наука

Од:

Министер за образование и наука во новата Влада е Рената Тренеска-Дескоска, родена во 1972 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а докторирала на Правниот факултет во Љубљана во 2002 година.

Од 1995 до 1998 година била демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1999 се вработува како асистент, а во 2012 година е избрана за редовен професор на научната област уставно право и политички систем.

Избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија на изборите во 2014 и во 2016 година и е потпретседател на Собранието од септември 2015 до декември 2016. Од септември 2015 е шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Член е на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на ад хок комисиите на ПССЕ за набљудување на парламентарните избори во Бугарија и на претседателските избори во Србија кои беа одржани оваа година.

На предлог на Венецијанска комисија, Тренеска-Дескоска во 2012 година е избрана за член на Советодавниот панел на експерти за слобода на вероисповед на ОДИХР, членувала во работна група за подготовка на Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската унија (2003), а од 2004 до 2009 година била советник за уставни и правни прашања во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Во нејзината професионална кариера се вбројуваат и пракса во Судот за човекови права во Стразбур (1998), студииски престој на Универзитетот во Ајдахо, САД (2001), учества на конференции и семинари во странство. Тренеска-Дескоска е автор и на трудови од областа на правото и политичките науки објавени на англиски и на книги и статии објавени на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он