Ременски: Промените ќе ги задржат младите во Македонија

Од:

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски, придружувана од Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здравство и Ѓоко Танасковски, член на Извршниот одбор на СДСМ, синоќа беа помеѓу граѓаните на Струга и струшко.

На средбите со младите од Струга се зборуваше за проблемите на младите, младинската невработеност, иселувањето, сиромаштијата, но и за решенијата на СДСМ за овие проблеми.

– Речиси и да нема семејство каде барем по еден член од фамилијата е надвор од државата или размислува да го преземе тој чекор. Младинската невработеност во Македонија е 47% со којашто предничиме во Европа. Тоа е сериозно и загрижувачки, рече Ременски.

Затоа на Македонија и се потребни промени. За младите да ги задржиме во родната земја, да имаат подеднаква шанса тука да ја градат својата иднина. СДСМ има знаење, има решенија во Програмата за проблемите на младите.

-Помагање на приватниот сектор за вработување на младите, поттикнување со самовработувањето, бизнис инкубатори се само дел од решенијата кои ќе ги спроведе новата влада на СДСМ. Ќе ги задржиме младите и ќе ги вратиме овде во Македонија, да работат, да ја создаваат својата иднина и да формираат семејства, додаде Ременски.
Граѓаните од населените места Дрслајда и Ложани се пожалија дека ВМРО-ДПМНЕ им ја укината социјалната помош.

Синот ми прати пари од странство за да купам дрва за огрев и мене ми ја укинаа паричната помош, рекоа граѓаните.

-Тука сме заради вас. Го променивме правилникот со кој се утврдува кој има право на парична помош. Прилив на пари еднаш на шест месеци не е гаранција за приход за цела година и причина поради која граѓаните треба да ја губат паричната помош со која ги прехрануваат своите семејства, возврати Ременски.

Зборувајќи за актуелната политичка ситација Ременски рече дека ВМРО-ДПМНЕ бега од слободни фер и демократски избори затоа што ќе се соочи со одговорноста за криминалот во изминатите години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните