Ременски: Пензионерите не го добија реалното зголемување на пензиите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска на прес-конференција информира дека со линеарното усогласување на пензиите што се примени во 2014, 2015 и 2016 година, близу 300.000 пензионери не го добија реалното зголемување на личната пензија.

– Не им се кажува на пензионерите дека со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што ги направија во октомври 2015 година, истите тие ја ставија вон сила законската обврска на државата за усогласување на пензиите двапати во година, на 1 јануари и на 1 јули во годината. Со овие измени се воведе услов усогласувањето на пензиите да се врши еднаш во 2016 година во висина од 5 отсто линеарно за сите корисници на пензија во еднаков износ и тоа со исплата на септемвриската пензија во октомври 2016 година, рече Ташевска-Ременски.

Но, во јули 2016 година, како што рече, го изменија и ова и утврдија дека усогласувањето на пензиите место со септемвриската пензија, ќе се изврши со ноемвриската исплата на пензии во декември 2016 година, што беше претставено како партиски подарок за пензионоерите, а не како законска обврска.

Според неа, пензиите и пензискиот фонд се отворена рана на македонското општество. Таа потенцира дека правото на пензија не е подарок од државата бидејќи пензијата се пресметува од остварените плати на секој осигуреник и остварениот стаж.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски