(ВИДЕО) Ременски: Опозицијата со непотребни дискусии го блокира Законот за минимална плата

Од:

Со јаловите дискусии за одбрана на криминалот на Никола Груевски пратениците од опозицијата го блокираат Законот за минимална плата и Законот за стечајците со што ќе се реши долгата егзистенционална борба на граѓаните, рече пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски.

– Граѓаните на Република Македонија од вас бараат да престанете со блокадата на Собранието, да се откажете од непотребните говори од точката за разрешување на Марко Зврлевски и партиските интереси, им се обрати Ременски на колегите од опозицијата.

Според неа, опозицијата не дозволува зголемување на минималната плата од 9.000 на 12.000 денари за кои Владата ќе им помогне на работодавачите во исполнување на овој закон.

Исто така, како што кажа екс министерката, опозицијата со непотребните говори спречува стечајците да добијат по 7.000 денари месечно, средства кои ќе бидат издвоени од буџетот.

Во врска со разрешувањето на Зврлевски, Ташевска Ременски изјави дека нема да трае до недоглед, туку напротив, очекува оваа недела тој да биде разрешен.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он