(ВИДЕО) Ременски: Не му кажуваме на судот како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење

Од:

Не му кажуваме на судството како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење и внимателен пристап за настаните од 27 април, изјави копретседателката на координативното тело за помирување и интеграција, Фросина Ременски.

Ова тело, додаде таа, нема намера да биде над обвинителството и над судовите. „Наша идеја е да разгледаме можност за сугестии и предлози кои ќе ги консултираме со експерти“, додаде Ременски.

Таа информира дека на денешниот прв состанок на телото, била утврдена динамиката за работа во интерес на процесите и воспостување на соработка.

„Ние се согласивме дека основни начела на кои се заснова нашата работа се реформа, интеграција, помирување и простување. На денешната седница се согласивме да формираме три подгрупи за реформата, интеграцијата и помирувањето. Интеграцијата се однесува на уставните измени за членство во ЕУ и НАТО. Втората подгрупа е за поширок план на помирување и ќе работи на решенија поврзани со настаните за 27 април. Ќе има долгорочен план. Ова е чин на консензус меѓу одговорни пратеници кои сметаат дека без соработка за темите кои нè делат не може да одиме во реформи и интеграција“, рече Ременски.

Третата подгрупа, додаде таа, ќе биде за реформски процес по ЕУ агенда. „Тоа ќе го овозможиме преку инклузивен процес и носење одлуки за реформи и двотретински закони да се градат преку консензус. Сите овие процеси се врзани и детерминарни и ќе одат во еден здив и пријатна атмосфера“, рече Ременски.

Таа уште еднаш ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во процесот на помирување и интеграција. Следната седница на ова тело ќе се одржи в петок.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски