Ременски: Ќе се реновира дел од Домот за стари лица, нови стручни тимови во Центарот за социјални работи.

Од:

Дел од Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ во Прилеп ќе се реновира, неговата сметка е деблокирана и ќе се изврши ревизија на работењето во оваа институција, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски при посетата на Домот. Министерката ги посети и Центарот за социјални работи, Дневниот центар за деца со посебни потреби и социјални семејства во Прилеп.
 
Според Ременски на 14 декември минатата година во Домот за стари лица е извршен вонреден инспекциски надзор за да се утврдат стандардите и условите во кои функционира институцијата.
 
– Врз основа на извештаите и од разговорот со директорката на Домот за стари лица, МТСП ќе почне постапка за јавна набавка за реновирање на првиот кат од Домот. Министерството од буџетот ќе издвои средства за да се покријат дел од трошоците, а останува обврската на директорот на Домот за домаќинско работење со самофинансирачката сметка, рече Ременски.
 
Министерката за труд и социјална политика смета дека со години во Домот не се работело домаќински, а од Министерството за овој и сите домови доаѓале малку средства во блок-дотациите.
 
– Од февруари минатата година беше блокирана сметката на Домот за стари лица. Сега од 12 февруари 2016 година е деблокирана за повеќекратно да се плаќаат долговите. Но тоа не го решава во целост прашањето. Денеска ќе побараме извештај за трошење на средствата од блок-дотациите. Директорката на домот информира дека во меѓувреме е побарано Државниот завод за ревизија да направи ревизија на самофинансирачката сметка на Домот, изјави Ременски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он